Евалуации

Евалуацијата на веб-пристапноста на јавните веб-сајтови во Република Северна Македонија е клучна активност на проектот WebEmpower. Главната цел е да се идентификуваат дигиталните бариери со кои се соочуваат лицата со попреченост, постарите лица и другите ранливи групи, со цел да се обезбеди еднаков пристап до јавните информации и услуги. Процената на пристапноста се реализира преку повеќестепена методологија во три нивоа, која овозможува сеопфатен приказ на состојбата – од субјективната перцепција на администраторите, до објективната техничка анализа на студентите и реалното искуство на експертите и корисниците со попреченост.

Ниво 1

Самоевалуација

Администратори и уредници на веб-страниците вршат сопствена процена на основните елементи на достапност

Ниво 2

Студентска евалуација

Веб-страниците се предмет на подетална анализа од страна на обучени студенти на ФИНКИ

Ниво 3

Експертска евалуација

Длабинска анализа спроведена од експерти за веб достапност и лица со различни типови попреченост

Избрани веб-сајтови за анализа

За потребите на оваа анализа, проектниот тим избра 200 јавни веб-сајтови кои припаѓаат на категории како што се: државна администрација, образование, здравство, култура и туризам.