Носител
Факултет за Информатички Науки и Компутерско Инженерство
Многу луѓе не можат да пристапат до јавните веб-сајтови поради визуелни, аудитивни, моторни или когнитивни потешкотии. Во оваа група спаѓаат слепи и лица со оштетен вид, лица кои користат читачи на екран, лица со ограничена моторика што зависат од тастатура или помошни уреди, како и лица со нарушувања во учењето, вниманието или перцепцијата.
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) го спроведува проектот „WebEmpower: Дигитална пристапност и социјална инклузија“, развиен во партнерство со Центарот за меѓународна соработка и развој (CMSR) од Словенија и официјално поддржан од Министерството за дигитална трансформација на Република Северна Македонија.
Овој проект претставува пионерска иницијатива во Северна Македонија насочена кон подобрување на дигиталната достапност за лицата со попреченост, постарите лица и другите ранливи групи. Проектот има за цел подигање на свеста за веб-пристапност, подготовка на институциите за претстојниот Закон за дигитална пристапност, и усогласување со европските стандарди (WCAG 2.1 и ЕУ Директивата за веб-пристапност)
Факултет за Информатички Науки и Компутерско Инженерство
Центар за Меѓународна Соработка и Развој на Република Словенија
Меѓународна хуманитарна помош на Република Словенија
Компанија со долгогодишно искуство во имплементација на веб пристапност
Министерство за дигитална трансформација
Компанија за решенија за веб пристапност
Една од клучните алки на проектот „WebEmpower: Дигитална пристапност и социјална инклузија“ е континуираната едукација и подигнување на јавната свест. Нашите активности се фокусирани на обука на наставниот кадар и студентите, како и на низа предавања наменети за ИТ компаниите (провајдери), јавните администратори и лицата со попреченост. Преку овие настани, градиме национален капацитет за препознавање и отстранување на дигиталните бариери во согласност со меѓународните WCAG 2.1 стандарди.
Предавач: Maša Malovrh, експерт за веб-пристапност од партнерот Beletrina, Словенија Овој настан беше организиран како...
→
Предавачи: Проф. д-р Сашо Граматиков, Проф. д-р Ристе Стојанов Предавање ги опфати основите на дигиталната...
→
Завршна дискусија во рамките на активностите на проектот WebEmpower, посветени на јакнење на знаењето, свеста...
→Проектот помага веб-страниците да станат употребливи за лица со визуелни, аудитивни, моторни или когнитивни потешкотии, како и за постарите лица, градејќи фер дигитален свет и поправедно општство каде никој не е изсотавен.
Институциите се усогласуваат со ЕУ Директивата и меѓународните WCAG 2.1 стандарди.
Едукација на новата генерација ИТ експерти со практични вештини за веб-пристапност.
Подобар пристап не само за лицата со попреченост, туку и за луѓе во специфични околини (на пр. силна светлина, тишина) или корисници на мобилни уреди.
Институциите кои покажуваат посветеност на инклузивноста го подобруваат својот јавен имиџ иградат доверба кај граѓаните.
Практично упатство на македонски јазик со концизни насоки за дизајнирање, евалуација и одржување на дигитални содржини во согласност со меѓународните WCAG 2.1 стандарди.