Ниво 3: Експертска и корисничка евалуација

Ова е најдлабинското ниво на анализа кое ги одразува реалните сценарија на користење. Анализите се спроведуваат за селектирана група од веб-сајтови кои поминале низ претходните две нива.

Евалуацијата ја вршат експерти за дигитална пристапност и лица со попреченост (визуелни, слушни, моторни и когнитивни оштетувања). Тие ги тестираат сајтовите користејќи помошни технологии (како читачи на екран) и даваат конкретни технички и дизајнерски препораки за отстранување на бариерите.