Предавач: Maša Malovrh, експерт за веб-пристапност од партнерот Beletrina, Словенија
Овој настан беше организиран како предавање за пренос на знаење (Train the trainer) наменето за наставниот кадар на ФИНКИ кој е вклучен во областа на веб технологиите. Целта на обуката е наставниот кадар да се оспособи да ги интегрира принципите на веб-пристапност во формалниот образовен процес, со што ќе им се обезбеди на студентите додадена вредност во нивното идно работно искуство.