Тркалезна маса: Дигитална пристапност и инклузивен дигитален развој во Северна Македонија

Завршна дискусија во рамките на активностите на проектот WebEmpower, посветени на јакнење на знаењето, свеста и институционалниот капацитет за дигитална пристапност во Северна Македонија. На настанот ќе бидат преставени и дискутирани дел од клучните согледувања и препораки од преходно одржаните работилници.
Целта на дискусијата е да се поттикне дијалог помеѓу академската заедница, јавните институции, ИКТ секторот, меѓународните партнери и лицата со попреченост за значењето на дигиталната пристапност и развојот на инклузивни дигитални услуги.

Детали за настанот:

  • Датум: 25 март 2026 година
  • Време: 11:00-13:00 часот
  • Место: Голем амфитеатар на ФИНКИ, Скопје
  • Јазик: Англиски
Поздравни обраќања:
  • вонр. проф. д-р Петре Ламески, Декан на ФИНКИ
  • Радослав Настасијевиќ Варџиски, Заменик министер за дигитална трансформација
  • претставник на Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија
  • Лука Најденов, Центар за меѓународна соработка и развој (CMSR), Словенија
 Учесници во дискусијата:
  • проф. д-р Сашо Граматиков – раководител на проектот WebEmpower, ФИНКИ
  • Antun Smerdel – експерт за дигитална пристапност со оштетен вид, Словенија
  • Bart Simons – експерт за веб-пристапност, Anysurfer, Белгија (онлајн)
  • Леонид Индов – студенти на ФИНКИ со мобилна попреченост – корисничка перспектива за дигитална пристапност на сервисите на ФИНКИ и јавните веб сајтови
  • Петар Христовски и Филип Најдовски – експерти од EaseAccess 24 –  решенија за веб пристапност
  • Александра Јаковчевска – директнор на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“
  • Maša Malovrh – експерт за дигитална пристапност, Beletrina, Словенија (модератор)

Регистрација: Потврда на учество преку  формулар за регистрација.
🔗 Линк до поканата