Завршна дискусија во рамките на активностите на проектот WebEmpower, посветени на јакнење на знаењето, свеста и институционалниот капацитет за дигитална пристапност во Северна Македонија. На настанот ќе бидат преставени и дискутирани дел од клучните согледувања и препораки од преходно одржаните работилници.
Целта на дискусијата е да се поттикне дијалог помеѓу академската заедница, јавните институции, ИКТ секторот, меѓународните партнери и лицата со попреченост за значењето на дигиталната пристапност и развојот на инклузивни дигитални услуги.
Детали за настанот:
-
Датум: 25 март 2026 година
-
Време: 11:00-13:00 часот
-
Место: Голем амфитеатар на ФИНКИ, Скопје
-
Јазик: Англиски
Поздравни обраќања:
-
вонр. проф. д-р Петре Ламески, Декан на ФИНКИ
-
Радослав Настасијевиќ Варџиски, Заменик министер за дигитална трансформација
-
претставник на Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија
-
Лука Најденов, Центар за меѓународна соработка и развој (CMSR), Словенија
Учесници во дискусијата:
-
проф. д-р Сашо Граматиков – раководител на проектот WebEmpower, ФИНКИ
-
Antun Smerdel – експерт за дигитална пристапност со оштетен вид, Словенија
-
Bart Simons – експерт за веб-пристапност, Anysurfer, Белгија (онлајн)
-
Леонид Индов – студенти на ФИНКИ со мобилна попреченост – корисничка перспектива за дигитална пристапност на сервисите на ФИНКИ и јавните веб сајтови
- Петар Христовски и Филип Најдовски – експерти од EaseAccess 24 – решенија за веб пристапност
- Александра Јаковчевска – директнор на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“
-
Maša Malovrh – експерт за дигитална пристапност, Beletrina, Словенија (модератор)
Регистрација: Потврда на учество преку формулар за регистрација.
🔗 Линк до поканата