Студентска обука за веб-достапност

Икона за датум 28.11.2025, 29.12.2025 Икона за локација ФИНКИ

Предавачи: Проф. д-р Сашо Граматиков, Проф. д-р Ристе Стојанов

Предавање ги опфати основите на дигиталната достапност и техниките за евалуација. Студентите беа запознаени со тоа како визуелните, моторните или когнитивните потешкотии влијаат врз користењето на веб-сајтовите и како да се идентификуваат основните бариери. Ова предавање преставуваше и обука за нивно активно вклучување во Ниво 2 од евалуацијата на јавните сајтови. Студентите беа запознаени со принципите на веб пристапност и алатките кои се користат за да се детектира примената на овие принципи  кај веб-сајтовите. На студентите им беа дадени насоки како да се направат сајтовите дигитално инклузивни.