Голем број секојдневни активности денес зависат од дигитални услуги – пристап до јавни информации, користење онлајн услуги, пополнување формулари или комуникација со институции. Сепак, многу веб-страници и дигитални услуги и понатаму се тешки или невозможни за користење за лицата со попреченост.
Оваа работилница е наменета за лица со попреченост, претставници на организации на лица со попреченост и застапници за дигитална пристапност, со цел да се создаде простор за размена на искуства и подобро разбирање на бариерите со кои се соочуваат корисниците при користење на дигитални услуги.
Детали за настанот:
-
Датум: 24 март 2026 година
-
Време: 15:00-17:00 часот
-
Место: Амфитеатар на ФИНКИ, Скопје
-
Јазик: Англиски
Работилницата ќе им овозможи на учесниците да:
-
се запознаат со концептот на дигитална пристапност и правата на корисниците во дигиталната средина;
-
разгледаат примери на пристапни и непристапни веб-страници;
-
споделат лични искуства при користење дигитални услуги;
-
придонесат со согледувања што можат да помогнат во подобрување на пристапноста на јавните веб-страници во Северна Македонија.
Предавачи:
-
Antun Smerdel – експерт за дигитална пристапност со оштетен вид од Словенија и долгогодишен аналитичар за пристапност.
-
Maša Malovrh – експерт за дигитална пристапност и раководител на секторот за пристапност во организацијата Beletrina (партнер на проектот од Словенија).
За време на работилницата ќе биде обезбеден толкувач за македонски знаковен јазик.
Регистрација: Потврда на присуство преку формулар за регистрација.
🔗 Линк до поканата