Дигиталната пристапност сè повеќе се препознава како една од клучните вештини во современиот веб-развој. Низ Европа, организациите сè почесто се обврзани да обезбедат веб-страници и дигитални услуги што се достапни за сите корисници, вклучително и лицата со попреченост и постарите лица.
Во таа насока, проектот WebEmpower ги поканува програмерите и веб дизајнерите на интерактивна работилница посветена на развој на достапни дигитални производи.
Детали за настанот:
-
Датум: 24 март 2026 година
-
Време: 12:00 часот
-
Место: Амфитеатар на ФИНКИ, Скопје
Настанот е конципиран да обезбеди трансфер на знаење без потреба од претходно искуство во областа на пристапноста. Учесниците ќе имаат можност да:
-
се запознаат со основните принципи на стандардите за веб-пристапност WCAG;
-
се информираат за најчестите бариери за пристапност што се појавуваат при веб-развој;
-
научат практични пристапи за развој што ја подобруваат употребливоста на веб-страниците за сите корисници;
-
ја разберат улогата на програмерите во создавање инклузивни дигитални средини.
-
добијат демонстрација на начинот на кој лицата со оштетен вид ги користат веб-страниците со помош на асистивни технологии.
Предавачи:
- Antun Smerdel – експерт за дигитална пристапност со оштетен вид од Словенија и долгогодишен аналитичар за пристапност.
- Maša Malovrh – експерт за дигитална пристапност и раководител на секторот за пристапност во организацијата Beletrina (партнер на проектот од Словенија).
Регистрација: Потврда на присуство на преку формулар за регистрација.
🔗 Линк до поканата