Настани

Една од клучните алки на проектот „WebEmpower: Дигитална пристапност и социјална инклузија“ е континуираната едукација и подигнување на јавната свест. Нашите активности се фокусирани на обука на наставниот кадар и студентите, како и на низа предавања наменети за ИТ компаниите (провајдери), јавните администратори и лицата со попреченост. Преку овие настани, градиме национален капацитет за препознавање и отстранување на дигиталните бариери во согласност со меѓународните WCAG 2.1 стандарди.

Тркалезна маса: Дигитална пристапност и инклузивен дигитален развој во Северна Македонија

Завршна дискусија во рамките на активностите на проектот WebEmpower, посветени на јакнење на знаењето, свеста и институционалниот капацитет за дигитална пристапност во Северна Македонија. На настанот ќе бидат преставени и дискутирани дел од клучните согледувања и препораки од преходно одржаните работилници. Целта на дискусијата е да се поттикне дијалог помеѓу академската заедница, јавните институции, ИКТ […]

Работилница: Вашето искуство е важно – заедно кон подобра дигитална пристапност

Голем број секојдневни активности денес зависат од дигитални услуги – пристап до јавни информации, користење онлајн услуги, пополнување формулари или комуникација со институции. Сепак, многу веб-страници и дигитални услуги и понатаму се тешки или невозможни за користење за лицата со попреченост. Оваа работилница е наменета за лица со попреченост, претставници на организации на лица со попреченост […]

Работилница: Пристапен веб-развој – следната клучна вештина за ИКТ професионалци

Дигиталната пристапност сè повеќе се препознава како една од клучните вештини во современиот веб-развој. Низ Европа, организациите сè почесто се обврзани да обезбедат веб-страници и дигитални услуги што се достапни за сите корисници, вклучително и лицата со попреченост и постарите лица. Во таа насока, проектот WebEmpower ги поканува програмерите и веб дизајнерите на интерактивна работилница […]

Работилница: Јавни веб-сајтови достапни за сите

Веб-сајтовите на институциите од јавниот сектор често претставуваат прва точка на контакт помеѓу граѓаните и јавните услуги. Сепак, значителен број граѓани – особено постарите лица, лицата со попреченост и корисниците со ограничени дигитални вештини – сè уште се соочуваат со потешкотии при користење на овие дигитални услуги. Во таа насока, проектот WebEmpower организира работилница наменета […]

Студентска обука за веб-достапност

Икона за датум 28.11.2025, 29.12.2025 Икона за локација ФИНКИ

Предавачи: Проф. д-р Сашо Граматиков, Проф. д-р Ристе Стојанов Предавање ги опфати основите на дигиталната достапност и техниките за евалуација. Студентите беа запознаени со тоа како визуелните, моторните или когнитивните потешкотии влијаат врз користењето на веб-сајтовите и како да се идентификуваат основните бариери. Ова предавање преставуваше и обука за нивно активно вклучување во Ниво 2 […]

WebEmpower: Академска обука за евалуација на веб-пристапноста

Икона за датум 06.11.2025 Икона за локација ФИНКИ

Предавач: Maša Malovrh, експерт за веб-пристапност од партнерот Beletrina, Словенија Овој настан беше организиран како предавање за пренос на знаење (Train the trainer) наменето за наставниот кадар на ФИНКИ кој е вклучен во областа на веб технологиите. Целта на обуката е наставниот кадар да се оспособи да ги интегрира принципите на веб-пристапност во формалниот образовен […]