WebEmpower: Академска обука за евалуација на веб-пристапноста

Икона за датум 06.11.2025 Икона за локација ФИНКИ

Предавач: Maša Malovrh, експерт за веб-пристапност од партнерот Beletrina, Словенија

Овој настан беше организиран како предавање за пренос на знаење (Train the trainer) наменето за наставниот кадар на ФИНКИ кој е вклучен во областа на веб технологиите. Целта на обуката е наставниот кадар да се оспособи да ги интегрира принципите на веб-пристапност во формалниот образовен процес, со што ќе им се обезбеди на студентите додадена вредност во нивното идно работно искуство.