Ниво 1: Самоевалуација на веб-администратори
Ова ниво претставува почетна точка за подигнување на свеста во јавниот сектор. Администраторите и уредниците на 200-те избрани сајтови беа поканети да пополнат структуриран прашалник за самоевалуација. Преку овој процес, тие имаат можност сами да ги идентификуваат основните предности и слабости на своите веб-страници во поглед на пристапноста.
Евалуацијата се базира на 12 клучни прашања поврзани со меѓународните WCAG 2.1 стандарди, вклучувајќи елементи како ALT текст за слики, тастатурна навигација, контраст на бои и превод на знаковен јазик.
Сакате да направите самоевалуација на вашиот сајт и да станете дел од проектот WebEmpower? Пополнете го прашалникот на следниот линк [Линк до прашалникот]. Не е потребно техничко знаење и ќе ви одземе 5-10 минути.
Преглед на сумарни поени од анкета за самоевалуација
Преглед на резултати по прашање од анкета за самоевалуација
Преглед на сајтови на институции кои одговориле на анкетата за самоевалуација